Насловна / Архитектура / Модерна куќа од слама во Морахалом

Модерна куќа од слама во Морахалом

Артказал е невообичаена куќа од природни материјали, подигната во близина на границата на Унгарија и Србија.куќа од слама во унгарија (7)

Архитектот Золтан Тот од студиото Artgroup потпиша проект на куќа од слама во Морахалом, познато село во јужниот дел на Унгарија по бањскиот туризам.Morahalom_tervek_16_05_03 _ 0.

Идејата за правење на ваков објект е добиена од живописниот пејзаж, кој го красат пластови сено на ожнеаните полиња. Бидејќи сламата ја има во изобилство, изборот на материјал за изградба бил логичен и енергетски одржлив.Morahalom_tervek_16_05_03 _ 0.

Дрвената структура на куќата е обложена со двоен слој од слама, кој обезбедува и добра вентилација и добра изолација, додека слојот од 25 сантиметри ја заштитува куќата од сончевите зраци.куќа од слама во унгарија (3)

Сите врати и прозорци се направени во COR_TEN челик. ‘Рѓосаниот изглед на ваквиот челик совршено се вклопува во овој вид на изградба.куќа од слама во унгарија (4)

Куќата е опремена со системи за греење на геотермална енергија, кои ги потпомагаат и соларните панели на покривот. Оптималната локација на куќата обезбедува совршена ефикасност на соларните панели.куќа од слама во унгарија (5)

Инаку, куќата е опремена со модерен ентериер како и богатство од содржини за членовите на семејството и гостите. Покрај теренот за одбојка, куќата има сауна, џакузи на отворено, како и пинг-понг маса која се наоѓа на покривот од куќата.куќа од слама во унгарија (6) куќа од слама во унгарија (9) куќа од слама во унгарија (8)

Испрати коментар

Scroll To Top