Насловна / Вести / Петте најголеми инфраструктурни објекти во светот

Петте најголеми инфраструктурни објекти во светот

Сајтот Interesting Engineering ги одбра петте најголеми инфраструктурни објекти во светски рамки кои се изградени или се во фаза на изградба. Во продолжение, Ви ги претставуваме:

South–North_Water_Transfer_Project_Central_resize

„South-to-North water transfer project“ –  Кина

Време на изградба: 15 години и сè уште трае

Вредност на инвестицијата: 80 милијарди УСД

Во северниот дел на Кина живее околу 50% од вкупното население, а регионот располага само со 20% од вкупните ресурси на вода во Кина. Овој проект овозможува дистрибуирање на дополнителни количини вода во тој дел од земјата преку три канали со должина од 600 милји. Централниот канал е завршен во 2014-та, но останатите два сè уште се градат. Кога ќе биде завршен системот ќе пренесува 44,8 милијарди метри кубни вода на ден.

honk kong bridge_resize

„Hong Kong-Zhuhai- Macao Bridge“  Кина

Време на изградба: 8 години

Вредност на инвестицијата: 10,6 милијарди УСД

Овој мост-тунел е долг 31 милја, вклучува два вештачки острови и претставува еден од најголемите патни инфраструктурни проекти во светот. Инженерите ја започнале изведбата во 2009-та, а отворањето е закажано за декември оваа година. Оваа конекција ќе го скрати патувањето помеѓу Хонг Конг и Макао од 99 на само 19 милји.

Img pipes in the trench

„Great Man- Made River Project“, Либија

Време на изградба: 35 години и сè уште трае

Вредност на инвестицијата: 25 милијарди УСД

Се работи за најголемиот иригациски проект во светот, во пустината Сахара во Либија. Цевковод од 1750 милји се протега низ регионот со цел поврзување на 1300 различни извори со длабочина и над 500 метри. Се проценува дека целосно ќе биде завршен во 2030 година.

interstate-highway-system_resize

„The US Interstate Highway System“, САД

Време на изградба: 25 до 60 години

Вредност на инвестицијата: 511 милијарди УСД

Двајт Ајзенхауер имал идеја за поврзување на САД преку мрежа од меѓудржавни автопатишта финансирани на федерално ниво. Популарниот генерал од Втората светска војна, меѓу другото, сметал дека изградбата на оваа инфраструктура е значаен сегмент и од зајакнувањето на капацитетите за обдрана на земјата во случај на војна. Изградбата почнала во 1956 г. преку градење на нови делници или трансформирање на постоечките траси во автопати. Финалниот сегмент е завршен во 1992 год. низ Колорадо. Иако се работи за еден од најскапите инфраструктурни проекти во историјата, несомнено станува збор за најзначајно подобрување на инфраструктурата на САД направено досега. Вкупната должина е 47.856 милји, што е доволно за обиколка на земјината топка два пати.

songdo aerial_resize

Songdo International Business District, Јужна Кореја

Време на изградба: 6 години

Вредност на инвестицијата: над 40 милијарди УСД

Меѓународниот бизнис кварт во Сонгдо е замислен како „паметен град“ во океанот до Сеул. Завршен е во 2015 година и располага со 80 000 апартмани и околу 60 милиони метри квадратни деловен простор. 70% од вредноста на проектот е финансирана од компании за недвижности од САД, а остатокот го поседува металуршката компанија Posco од Јужна Кореја.

 

Испрати коментар

Scroll To Top