Насловна / Арт и дизајн / Пет најкреативни градови во светот според BBC

Пет најкреативни градови во светот според BBC

BBC неодамна направи листа од петте најкреативни градови на светот, поточно градови кои се инспирација за уметниците и во кои тие со задоволство би го поминувале своето време. Интересно е дека на таа листа се наоѓа и Белград, покрај Мексико Сити, Шарџа, Дакар и Бангкок.

bbc1

Историски, градовите се битен предуслов за создавање наголема уметност, почнувајчи од античката Атина, ренесансна Фиренца, па до Њујорк и Лондон. Интересно е дека каде и да одат уметниците, останатите ги следат. Академикот Ричард Флорида ја популаризирал токму оваа теорија во почетокот на веков, односно дека креативноста овозможува урбан развој, т.е уметниците преоѓаат во градските, работнички или напуштени индустриски зони во потрага по поефтино сместување и студиски простор. Така, тие го прават местото забавно и интересно, а креативната средна класа ја привлекуваат овие отворени заедници и културните содржини кои ги нудат.

bbc2

Земајќи го предвид претходно наведеното, меѓународната мапа на уметноста с еменува, а се појавува и нова генерација на културни јадра, далеку од глобалните финансиски центри. BBC  пишува дека иако е долго отсечен од меѓународните движења, Белград е повторно во средиштето на современата уметност во Европа, и има посебен шарм.
bbc3

Испрати коментар

Scroll To Top