Насловна / Вести / Програмата „Аполо“, најголем технолошки скок во историјата

Програмата „Аполо“, најголем технолошки скок во историјата

Слетувањето на Месечината и програмата  „Аполо“  е најмоќниот технолошки скок кој една земја го направила, а теориите на заговор во врска со овие настани се чисти глупости. Програмата во суштина била воена мисија, а во 20-тиот век нема поголема научна мисија  од  „Аполо 11“ ии конструкцијата на носечката ракета „Сатурн 5“, вели професор Момчило Милиновиќ од Машинскиот факултет во Белград, во своето интервју за националната телевизија РТС.

apollo3

Почетокот на програмата  „Аполо“ во  1961 година, значи вклучување на сите капацитети на САД во остварување на зацртаната цел. „Тоа било речиси хистерично. До финаланата фаза направени се и многу грешки. Секои пет месеци лансирани се ракети, и со секое лансирање испоробувана е по една дополнителна фаза во мисијата“, вели проф. Милиновиќ.

apollo2

На прашањето дали човекот повторно ќе слета на Месечината, професорот е скептичен. “НАСА веќе ги нема тие пари. Во времето на „Аполо“ НАСА трошела 4,2% од вкупниот буџет на САД. Сега тој процент е далеку помал, а парите се пренаменети во воената индустрија. И „Аполо“ била воена мисија, а нејзината главна задача била да направи нови воени технологии“ истакнува проф. Милиновиќ.

apollo1

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top