Насловна / Вести / Пет милиони евра за заштита на европската Амазонија

Пет милиони евра за заштита на европската Амазонија

World Wildlife Fund (WWF) одвои 5 милиони евра за обнова за Мура, Драва и Дунав, на подрачјето на т.н „европска Амазонија“ која е под заштита на  UNESCO. Со вложувањето во ревитализација анреките и мочуриштата на ова подрачје, се инвестира и во климатската отпорност, а со петгодишниот проект “Ревитализација на европската Амазонија“ WWF Adria ќе ја ревитализира реката Мура на едно подрачје во Словенија. Во Хрватска, реката Драва ќе се ревитализира кај Леград, со цел плажата која е од исклучително значење за локалното население повторно да биде достапна за рекреација.

amazoneeurope1

amazoneurope2

Малку поисточно, во паркот на природата „Копачки рит“, Дунав ќе се поврзе со Копачко езеро. Во Србија во специјалниот резерват на природата „Горње подунавље“ ќе се работи на конверзија на плантажите од хибридна топола во автохтона шума. Ќе се ревитализираат и влажните ливади покрај реката Мура во Словенија, каде ќе се воспостави и модел на циркуларна економија преку традиционално сточарство во соработка со локалните земјоделци, локалните градинки и училишта.

amazoneurope3

Проектот „Ревитализација на европската Амазонија“ е поддржан од Програмата за загрозени предели (Endangered Landscapes Programm), со која управува  Cambridge Conservation Initiative.

Испрати коментар

Scroll To Top