Насловна / Архитектура / Павилјон за медитација на Тадао Андо во Музејот SAN

Павилјон за медитација на Тадао Андо во Музејот SAN

The Space of Light, павилјон за медитација проект на Тадао Андо, претставен е во Музејот SAN во Wonju, Јужна Кореја. Пред една деценија, Тадао Андо веќе го создаде музејот, сместен среде спокојните планини во Wonju. Денес, новиот додаток го означува вториот павилјон за медитација на Андо и најновиот дел од неговата контемплативна серија.

1

Проектот има за цел да ги спои спокојството и минимализмот, спојувајќи динамична фузија на светлина, бетон, остри линии и поврзаност со природата. „Простор создаден за луѓето да чувствуваат дека секогаш живеат заедно со природата“, објаснува Андо.

02

Добиената квадратна структура е пробиена на кровот со засеци во облик на крст, дозволувајќи им на зраците на сончевата светлина нежно да се филтрираат. Резовитеа остануваат непокриени, овозможувајќи им на елементите слободно да влезат во просторот без никакви стаклени пречки. „Во просторот на светлина, светлината паѓа директно од небото, токму како во Пантеонот во Рим“, вели архитектот за Designboom. „Верувам во тоа дека ова има значително влијание. Кога ќе погледнете во светлината, постои чувство што го допира срцето“.

01

ПРОСТОР НА СВЕТЛИНАТА КАДЕ „ПРИРОДАТА И ЛУЃЕТО СТАНУВААТ ЕДНО“

Павилјонот е изграден по повод десетгодишнината на Музејот SAN. Два импозантни дијагонални ѕида обликуваат тесна патека, водејќи ги посетителите кон влезот на објектот. Овој дизајн создава привлечен и медитативен амбиент, поттикнувајќи истражување и саморефлексија. Зачекорувајќи на патеката, посетителите се наоѓаат во триаголен претпростор без таван, кој се капе во сончева светлина, нежно испреплетувајќи се со квадратната зграда. Додека корисниците минуваат низ овој простор, се открива внатрешноста на зградата, со изложен бетон, а тенки снопови на сончева светлина паѓаат низ таванот во облик на крст. Блескавата светлина го обвива целиот простор, создавајќи света атмосфера.

2

Музејот започнува со центар за добредојде и паркинг со трева покрај патеката. Во продолжение се откриваат цветна градина, водена градина, главната зграда, сала за медитација, камена градина и салата James Turrell. Во главната зграда е сместена филозофијата на архитектот за поврзување на земјата, небото и луѓето преку интегрирање на четири крилни структури, формирајќи квадратни, триаголни и кружни простори. Space of Light си поигрува со мирот и движењето, напнатоста и отвореноста, создавајќи привлечно искуство за посетителите.

02

Како дел од прослата на годишнината, главната музејска зграда беше домаќин на изложбата насловена „Тадао Андо – младост“, која се занимава со опусот на Андо. Изложбата вклучува колекција од 250 дела кои претставуваат различни фази од славната кариера на Андо. Ова е првпат креации на архитект да бидат изложени во просторот што тој самиот го проектирал.

3 0

Испрати коментар

Scroll To Top