Насловна / Вести / Паркинг место во Хонг Конг продадено за 664.260 долари

Паркинг место во Хонг Конг продадено за 664.260 долари

Во пренаселените градови, каде што нема слободни места за градење, паркирањето е вистински луксуз.

Паркинг место на 17,5 квадратни метри во Хонг Конг било продадено за рекордни 664.260 долари што е било кога најскапо платено паркинг место во светот, пишува South China Morning Post. Ова значи дека еден квадратен метар е платен несфатливи 37.957 американски долари!parking-mesto

Колкава е тоа цена сведочи и податокот дека просечната цена на квадратен метар во Њујорк е околу 18.000 евра: половина од цената за квадратен метат на ова место за паркирање.

Хонг Конг страда од хроничен недостаток на земјиште за изградба, што доведува до астрономски бројки на недвижен имот. Просечната цена за стан во овој град е околу 820.000 евра.

Испрати коментар

Scroll To Top