Париските бистроа на листата на заштитени културни богатства на Унеско!
Насловна / Арт и дизајн / Париските бистроа на листата на заштитени културни богатства на Унеско!

Париските бистроа на листата на заштитени културни богатства на Унеско!

Историјата на препознатливите бистроа со тераси започнала уште во 17 век, односно во 1686 година и тоа во најстарото бистро Le Procope во Париз, сместено во 6-ти арондисман.

ле прокоп

1

Бистро Le Procope во Париз

Тогашната елита се собирала таму за да дискутираат на разни теми. Бистроата и нивните тераси го издржале тестот на времето и се одржале низ следните векови како клучни забавни и интелектуални места во Париз, за да својот врв на популарност го доживеат во 20 век.bistro (1)

Денес, сопствениците на бистроа и кафулиња со тераси, кои се составен дел на парискиот начин на живот, бараат од „Унеско“ нивните специфични објекти да бидат признаени како загрозени објекти со пошироки вредности, и да бидат ставени на листата на заштитени нематеријални културни богатства.bistro (2)

Како што велат, бистроата имаат клучна улога во спојување на луѓето од различно потекло, вера, социјална класа и генерација, како место каде може да се испие кафе или да се подели оброк.bistro (3)

Исто така, сопствениците се жалат и дека се нашле на удар на екстремистичките напади, што се случија во Париз, чија цел биле токму кафулињата со овие препознатливи тераси.bistro (4) bistro (6) bistro (7) bistro (8) bistro (9) bistro (10) bistro (11)

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top