Насловна / Архитектура / ААМ објави повик за учество на 19. Биенале на македонската архитектура – БИМАС 2018

ААМ објави повик за учество на 19. Биенале на македонската архитектура – БИМАС 2018

Асоцијацијата на архитекти на Македонија објави јавен повик за учество на 19. Биенале на македонската архитектура – БИМАС 2018.

Биеналето на македонската архитектура БИМАС 2018 ќе се одржи од 13 до 26 септември оваа година во Музејот на град Скопје и на него ќе бидат изложени проекти и реализации од областа на архитектурата, урбанизмот, внатрешната архитектура и дизајнот.

Право на учество имаат архитекти, македонски државјани со завршен VII степен на образование и правни лица-фирми, коишто учествуваат со дела на архитекти, државјани на Македонија, со завршен VII степен на образование.

Вон конкуренција можат да учествуваат и странски државјани, архитекти со соодветно образование, со дела изведени во Македонија.

Пријавниот лист и упатството за подготовка на пријавата можат да се подигнат секој работен ден од девет до 13 часот во канцеларијата на ААМ, на улицата Даме Груев 14а, Скопје или да се добијат по електронска пошта.

aam

Рокот за пријавување на трудовите е најдоцна до втори јули годинава.

По рокот за пријавување, во согласност со Правилникот на БИМАС, селекторот на БИМАС 2018, диа. Дејан Спасеновски ќе објави листа на селектираните трудови, по што на учесниците со прифатени трудови ќе им бидат доставени детални информации за пропозициите на форматот и за изгледот на трудовите кои ќе бидат изложени на големата изложба на БИМАС 2018, како и за изгледот и форматот на трудовите во печатениот каталог.

По извршената селекција, на учесниците ќе им се достави и ценовник за учество (за автори, фирми, членови на ААМ и оние кои не се членови). Котизацијата се уплаќа по објавувањето на селектираните трудови. Критериумот за плаќањето е врз основа на член 14 од Правилникот за БИМАС.

Награди на БИМАС се Голема награда за реализиран архитектонски објект, награда за реализирана внатрешна архитектура – ентериер, за реализиран индустриски дизајн, за урбанистички план или проект, за проект од областа на архитектурата, внатрешната архитектура и индустрискиот дизајн и специјална награда.

Составот на седумчлената жири-комисија ќе биде објавен на денот на доделувањето на наградите.

Жири-комисијата го задржува правото да не додели награда за некоја од категориите.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top