Насловна / Арт и дизајн / Парче мебел 3 во 1

Парче мебел 3 во 1

Мултифункционалниот мебел не престанува да фасцинира. Ви го претставуваме & Chair, дело на тајванскиот дизајнер Шин Чен, кое сигурно ќе ви биде интересно.

Ова, се разбира, се однесува на сите оние љубители на мебел кој успева да го исполни впечатокот за функционалност со својата домќинска и минималистичка форма, а во исто време хармонично да се претопи со остатокот од просторот за живеење. На прв поглед, & Chair, изгледа како едноставен дрвен дизајн, но овој стол е всушност масичка за кафе, но и совршено закривена клупа!

2

Неговата ненадминлива функционалност се рефлектира во форма на знакот „&“ (во случај да се прашувате од каде потекнува името & Chair), додека уникатните закривени дрвени детали во столот, несомнено претставуваат негова најважна и во исто време најинтересна карактеристика.

1

Кога е поставено вертикално, ова парче мебел функционира како удобен стол, речиси како столче за барови. Кога е поставено хоризонтално, може да функционира или како масичка за кафе или низок стол, се во зависност од тоа од која страна е поставено.

4

Овој стол 3 во 1 е рачно изработен од природни материјали вклучувајќи филц и дрво јасен, со подлога за складирање, погодна за чување помали предмети како списанија, книги и слични работи. Целта е создавање стол со едноставна форма, атрактивен дизајн и несомнена практичност.

3

& Chair е доказ дека луѓето можат да го променат својот начин на живот во согласност со своите навики или опкружување со еден едноставен потег, кој истиот миг ќе ги промени своите основни функции и ќе стане совршен дел од секојдневниот живот.

Испрати коментар

Scroll To Top