Насловна / Вести / Папата Франциско ги повика сите влади да се посветат на борбата против глобалното затоплување

Папата Франциско ги повика сите влади да се посветат на борбата против глобалното затоплување

Поглаварот на Римокатоличката црква Франциско, ги повика владите да се посветат на борбата против глобалното затоплување, наведувајќи дека климатските промени, неодржливиот развој и неконтролираната потрошувачка се закануваат да ја претворат Земјата во пустина и купишта отпад. Папата Франциско упати апел за заштита на планетата, на конференцијата во Ватикан, со која се одбележува третата годишнина од ватиканскиот документ (Ватиканската декларација), со која се поддржува Парискиот Договор за климата од 2015 година. Оваа конференција е последна во низата иницијативи на Ватикан за будење на свеста за климатските промени и влијанието кое тие го имаат особено врз најсиромашните и најмаргинализираните слоеви на населението.

Francis

Francis1

Испрати коментар

Scroll To Top