Насловна / Вести / Овогодишниот Вимблдон поеколошки

Овогодишниот Вимблдон поеколошки

All England Lawn Tennis Club (AELTC) објави дека овогидишниот престижен тениски турнир Вимблдон кој веќе започна завчера, ќе се обиде да превенира употреба на над 400.000 пластични сламки кои вообичаено секоја година се трошат за време на овој настан и  завршуваат на депониите. Се разбира, тука мора да се спомене и употребата на пластичните чаши и шишиња вода во речиси исто толкав број. Алтернативата е во сличен материјал кој е одржлив, односно се разградува и рециклира.

wimbledon1

Овие најави на организаторот на турнирот доаѓаат како дел од еден поамбициозен план  за одржливост на легендарниот грен слем. За време на траењето на турнирот сите продавници ќе нудат исклучиво хартиени кеси, а поставени се и 87 места за полнење на вода.

Дополнително за потребите на турнирот на располагање се и електрични возила, и тоа 10 електрични возила од брендот Јагуар.

wimbledon2

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top