Насловна / Арт и дизајн / Елисејските полиња претворени во кино на отворено

Елисејските полиња претворени во кино на отворено

Познатата париска авенија Шанзелизе во неделата навечер беше за прв пат претворена во огромно кино, а на спектакуларното платно од 180 квадратни метри прикажан е филмот “Посетители“ во присуство на еден од главните глумци легендарниот Жан Рено. На само стотина метри од Триумфалната капија, екранот изработен во ЛЕД технологија со висока дефиниција, тежок шест тони, бил инсталиран над авенијата која заради настанот била затворена за сообраќај. На иницијатива на Националниот кинематографски центар и Одборот за Шанзелизе, оваа проекција без преседан, во кино на отворено, организирана е по повод Празникот на киното, кој се одржува од 1ви до 4ти јули.

Проекцијата, која почнала во 20.30 часот, присуствувале 1.700 луѓе на столчиња на расклопување наредени долж авенијата, кои биле извлечени од вкупно 16.000 учесници на анкетата за тоа кој филм да биде прикажан.

champs1

champs2

champs3

Испрати коментар

Scroll To Top