Насловна / Архитектура / Овие две куќи се најстарите во Париз

Овие две куќи се најстарите во Париз

Весникот “Le Figaro”, истражувајќи за најстарите резиденцијални објекти во Париз, допре до XVII, па дури и XV век од кога датираат двете најстари куќи во градот.Едната е лоцирана во третиот арондисман (3 rue Volta), има пет ката, исклучително тесни и мали прозорци и несекојдневна фасада која асоцира на еден средновековен буржоаски живот. Според последните истражувања, се претпоставува дека куќата била изградена во периодот 1644 – 1655 година. Денес, во приземјето се наоѓа една кинеска продавница, на секој кат има по еден стан, како и исклучително тесни скали.

Najstari kukji vo Pariz

Najstari kukji vo Pariz1

Najstari kukji vo Pariz2

И другата куќа е лоцирана во третиот арондисман (51 rue de Montmorency) и датира од 1407 година, па го носи епитетот најстара куќа во Париз и од 2011 е прогласена за историски споменик. Се работи за домот на познатиот писател и алхемичар Nicolas Flamel. Денес, објектот е домаќин на ресторанот „L’auberge Nicolas Flamel“, и станови распоредени на четири ката.

Najstari kukji vo Pariz3

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Najstari kukji vo Pariz5

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top