Насловна / Вести / Ладилници за делење храна во виенските населби

Ладилници за делење храна во виенските населби

Fudshering Avstrija

Foodsharing станува сè поактуелна тема во денешното општеството, а токму пред заминувањето на летните одмори се фрла најмногу расиплива храна. Поради тие причини, во многу виенски населби од ова лето постојат јавни фрижидери во кои таа храна се складира за потоа да се подели со другите граѓани. Иницијативата за поставување на ваков тип ладилници на јавни места, ја покренала виенската организација Foodsharing. Ладилниците се бесплатно достапни за секого, а различните хуманитарни и еколошки организации се задолжени за одржување на нивната чистота и проверка на исправноста на храната. Според едно истражување од 2012 година, во Австрија годишно се фрлаат 157.000 тони храна, што е 19 килограми храна по лице, или 300 евра по домаќинство.

 

Испрати коментар

Scroll To Top