Насловна / Вести / Ова е најодржливиот автобус на годината

Ова е најодржливиот автобус на годината

Според  Sustainable Bus, автобусот на компанијата Iveco, од типот  Bus Crossway Natural Power е избран за најодржлив автобус во категоријата за меѓуградски превоз. Жирито за доделување на оваа награда, се состоело од членови од осум европски земји – Франција, Германија, Италија, Холандија, Полска, Романија, Шпанија и Велика Британија. Сите автобуси во конкуренција, биле подложени на пробно возење. Според Sustainable Bus, оваа награда е прва и единствена во Европа со која се обележува одржливоста во автобускиот сообраќај.

SB2

SB3

Bus Crossway Natual Power има мотор со шест цилиндри кој обезбедува максимална моќност од 360 коњски сили и вртежен момент од 1,640 Nm, при 1,100 вртежи во минута. Автобусот има исти димензии како дизел верзијата од истиот модел, односно ист капацитет на патници, простор за багаш и пристап. Гасните мотори значително ја намалуваат емисијата на CO2 без оглед дали станува збор за втечнет или компримиран природен гас. Овие возила може да работат и на биометан, со што емисиите уште повеќе се редуцираат.

Во категоријата за најодржлив автобус за урбана средина, победник е електричниот автобус Mercedes-Benz eCitaro.

SB4

SB5

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top