Насловна / Вести / Отворена биогасна централа во село Новаци кај Битола

Отворена биогасна централа во село Новаци кај Битола

Земјоделскиот комбинат Пелагонија АД Битола денеска во селото Новаци кај Битола свечено пушти во употреба два големи капацитети, првата биогасна централа со капацитет од 3 мегавати на час во Македонија и современа фарма наменета за 2.000 молзни крави.

Станува збор за вкупна инвестиција од околу 20 милиони евра, пари кои во најголем дел се обезбедени од редовното работење на ЗК Пелагонија. Ова е прв ваков капацитет во земјава способен да произведе толкаво количество „зелена“ енергија, во чија изградба се инвестирани 10,5 милиони евра.biogasnacentar bitola

– Изградбата на биогасни централи претставува најсовремено еколошко решение во развиените земји во светот за справување со арското ѓубриво од фармите. Ние воопшто не заостануваме зад тој светски тренд. Напротив, можеме да се пофалиме дека сме една од најголемите фирми во Европа кои се занимаваат со производство на „зелена“ енергија, односно струја произведена од биогас – изјави Драган Китановски, директор на ДООЕЛ „Пелагонија- Енерџи“.

Најголемиот дел од технологијата и опремата во биогасната централа се набавени од реномирани компании од Италија и од САД.

Aмериканскиот амбасадор Џес Бејли, кој беше дел од гостите на свеченото отворање, посочи дека изградбата на биогасната централа во Новаци е придобивка за бизнисот, заедницата, како и за животната средина.

– Како амбасадор сум горд што американски компании се вклучени во проектот со кои се обезбедува чиста енергија, која не е од јаглен, што за жителите на Битола е многу важно. Централата го решава и проблемот со отпадот, особено со гасот метан, кој придонесува за глобалното затоплување – изјави  Бејли.

Испрати коментар

Scroll To Top