Насловна / Вести / Отворен Пељешки мост – врската меѓу најјужниот дел на Хрватска и остатокот од земјата

Отворен Пељешки мост – врската меѓу најјужниот дел на Хрватска и остатокот од земјата

Пељешкиот мост, кој го поврзува најјужниот дел на Хрватска со остатокот од земјата, и е еден од најголемите проекти во Европската Унија, вчера официјално беше отворен по четири години изградба со огномет, биење на сите камбани во регионот и факели од приватни чамци на море.

003

3

Покрај многубројните граѓани, на свеченоста присуствуваа речиси сите владини министри, пратеници, градоначалници од Дубровничко-неретванската жупанија, поранешни високи функционери и политичари, како и претставници на бизнис и академската заедница.

Мостот е долг 2,4 километри, висок 55 метри и широк 23,6 метри. За неговата изградба беа потребни речиси 70.000 тони челик и исто толку бетон.

1

Најголем дел од парите ги обезбеди Европската унија, хрватската влада ги финансираше пристапните сообраќајници, а за четири години го изгради кинеска компанија. Изградбата на мостот чини 402 милиони евра, од кои 357 милиони евра (85 отсто) се грантови од Европската унија.

0

Возењето од правец на Сплит кон Дубровник претходно значеше поминување низ Неум, единствениот град во Босна и Херцеговина што излегува на Јадранско море, што значеше дека се преминува и преку два гранични премини.

Благодарение на Пељешкиот мост, тоа ќе се избегне, бидејќи ги поврзува Комарна, место на копнената страна на Хрватска, а во близина на границата со Босна и Херцеговина, и Бријеста, град на полуостровот Пељешац.

2

Изградбата на мостот ја следеа и внатрешно-политички спорови, раскинување на првиот договор, проблеми со финансирањето решени со одобрување од европските фондови и противење на официјално Сараево на изградбата на мостот.

Но мостот вчера и официјално е пуштен во употреба. Како што пшишувавме повеќе пати изведбата е доверена на кинеската компанија CRBC и започна на 1. август 2018 година.

4

На градилиштата во Комарна и Бријеста имало и до 650 работници во исто време, кои работеле во три смени, често работејќи во многу тешки услови, а дури ни пандемијата не го запрела градилиштето ниту еден ден.

Мостот е проект на словенечкиот градежен инженер Марјан Пипенбахер, експерт со меѓународни референци. Според неговите зборови, мостот со шест пилони и пет главни отвори со распони од 285 метри се наоѓа во област со висока сеизмичка активност и силни ветрови и во проектантска и изведувачка смисла е меѓу најсложените инженерски проекти. Во својата 40-годишна кариера, Пипенбахер проектирал 200 мостови кои се и реализирани.

11

„Пресреќен сум што се заврши. Тоа беа десет години грижа, но вчера и денес дојде радоста што ја замени грижата. Мостот е тука, мостот ќе ја поврзе Хрватска, ќе ја поврзе Хрватска со Европа, со Словенија… Вложив голем напор, размислувања. Мостот е конструктивно инвентивно решение, но ме радува што е посебно решение во архитектурата. Колку и да е голем, некако е скромен, не штрчи и се вклопува во просторот. Како што рече една госпоѓа, како да е одсекогаш тука“, изјави проектантот Пипенбахер за Дневник Нова ТВ.

mm

Марјан Пипенбахер

Темелењето на мостот е изведено со 148 челични пилони со пречник од два метри и должина до 124 метри, додека сообраќајната конструкција во централниот дел на мостот е повеќе од 60 метри над морето, со што се обезбедува слободна пловен профил со широчина од 200 метри и висина од 55 метри, што е договорено со Босна и Херцеговина. Монтажата на завршниот дел од мостот била напорна и многу прецизна работа, која морало да се изврши ноќе поради потребата од стабилна температура.

10

По две децении од првите проекти, Хрватска го отвори Пељешкиот мост кој ќе ја поврзува јужна Далмација без преминување преку територијата на Босна и Херцеговина.

Комесарката во Европската комисија за кохезија и реформи, Елиса Фереира, во пригодна порака напиша дека „Пељешкиот мост ќе го забрза економскиот развој и ќе ја зајакне територијалната кохезија на јужна Далмација и на Хрватска во целина“.

02

Испрати коментар

Scroll To Top