Насловна / Архитектура / Отворен нов стадион во Лесковац

Отворен нов стадион во Лесковац

Стадионот „Дубочица“ во Лесковац официјално е отвопрен во понеделникот со фудбалски натпревар меѓу клубови од домашната прва лига. Овој е еден од трите новоизградени стадиони во Србија, покрај стадионите во Лозница и Зајечар, а изграден е по високи стандарди, што според критериумите на УЕФА објектот е во категоријата „четири“.

4

Изградбата започнала во јули 2021 година

На местото на сегашниот стадион во Лесковац некогаш постоел Градскиот стадион кој имал западна трибина со капацитет од 2.514 гледачи, додека на источната можела да собере околу 4.500 луѓе.

Стадионот бил во сопственост на градот и со децении бил во лоша состојба поради оскудни средства за одржување.

Проектот на новиот стадион е изработен од конзорциум на компаниите ЦЕП и Синтесиз од Белград, а инвеститор е УНДП.

1

Во март 2021 година започна уривањето на стариот стадион, а во јули истата година започна изградбата на новиот стадион од новосадската компанија ГАТ.

Изградбата на Градскиот стадион „Дубочица“ завршена е пролетта 2023 година, а новиот објект се состои од четири трибини со вкупен капацитет од 8.136 места.

2

Висината на на стадионот е 16,3 метри, висината на рефлекторите е 32 метри, димензиите на фудбалското игралиште се 105 х 68 метри, а теренот со неговата околина зафаќа вкупно 121 х 85 метри.

На фасадата на зградата доминираат наизменично поставени мрежести панели во златна боја кои создаваат динамика и игра на сенки.

На стадионот е поставена „хибридна трева“, мешавина од вештачка и природна трева (30/70), а самиот терен има дренажа и можност за греење.

6

Западна трибина на три нивоа

Трибините се поставени околу теренот од сите четири страни. Западната трибина има три нивоа.

На првото ниво под трибините се содржини поврзани со потребите на клубот: независен пристап со автобус за домашните и гостинските играчи, соблекувални и простории за загревање, простории за судии и делегати, пространа сала, централен влез за ВИП гости и новинари, сала за прес-конференции, сала за прва помош и допинг контрола и просторија за сместување на опрема.

3

На второто ниво се влезовите на трибините. На трибините се влегува преку седум премини. На третото ниво, проектирани се простори за клупската администрација, новинари, ТВ репортери, ТВ студио, контролна соба, ВИП кафе.

Од исток, југ и север посетителите влегуваат во коридорот под трибините преку контролирани влезови. Долж коридорот ќе бидат поставени пунктови за кетеринг, прва помош и тоалети. Проектирани се и самостојни влезови на трибините за лица со посебни потреби, од југоисточната и североисточната страна.

5

Предвиден е и проект за зазеленување на стадионот, чија цел е еколошко и естетско подобрување на просторот, со желба да се заокружи визуелното доживување на комплексот со формирање насади на слободните површини. Кровната конструкција целосно ги покрива сите трибини на стадионот.

7

Комплексот располага со вкупно 198 паркинг места. Стадионот ќе може да служи за подготовка на репрезентацијата и тимовите, бидејќи покрај теренот ќе има и дополнителна сала за подготовка на играчите. На него ќе може да играат помладите и „Б“ репрезентативната селекција, со оглед на тоа што ќе исполни одредени стандарди на УЕФА.

8

Испрати коментар

Scroll To Top