Насловна / Вести / Отворен 40. Меѓународен саем Технома

Отворен 40. Меѓународен саем Технома

132327520

Домашни и странски компании од денеска ги претставуваат своите најнови технолошки достигнувања, како и проекти за енергетска ефикасност и иновации, на Меѓународниот саем на металургија, електроника, енергетика, неметали, градежништво, обезбедување и заштита – Технома  2014,  што се одржува на Скопски саем.

– Технолошкиот напредок е она што го движи напред економскиот раст, кој овозможува зголемување на ресурсите и енергетската ефикасност и одржливи модели на производство и потрошувачка, – рече на отворањето на јубилејната 40. саемска манифестација Даниела Глигорова, извршен директор на Скопски саем.

132327516
Според Глигорова, и покрај нејзината значителна возраст, Технома е сè уште во потрага по нови форми и содржини и има своја посебна улога во промоција на индустријата во државава и поширокиот регион, носејќи нов бран на меѓурегионален развој.

Во фокусот на Технома и годинава е енергетиката, а организирани национални претставувања на свои штандови имаат 15 компании од Унгарија и девет од Австрија.

Истовремено со Технома се одржуваат и  Третата специјализирана саемска манифестација Транспорт и логистика, 15. Меѓународен саем на занаетчиство и мало стопанство и 35. Меѓународна изложба на иновации – Макинова.

132327515Комората на занаетчии од Скопје ги претставува компаниите што се занимаваат со проблемите на обновливи извори на енергија, особено во делот за искористување соларна енергија. На изложбата на пронајдоци македонските иноватори се претставуваат со 76 иновативни решенија од различни области. Се претставуваат и 20 иновативни решенија на автори од асоцијации од БиХ, Србија, Хрватска и Бугарија.

Во тек на четиридневните саемски манифестации  ќе се одржат и повеќе поединечни презентации и информативни и едукативни работилници. 

Испрати коментар

Scroll To Top