Насловна / Вести / Откриени сочувани скулптури од Микеланџело

Откриени сочувани скулптури од Микеланџело

mikelndzelo (2)
Долго време во светот се веруваше дека не постојат сочувани бронзени скулптури од Микеланџело. Но, експерти од полето на историјата на уметност веќе подолг период работат на обелоденување на фактот дали има преостанати бронзени дела, кои ги има изработено еден од најголемите уметници во историјата на светот, Микеланџело. Експертите веруваат дека откриените ремек-дела, некои од неговите скици стари повеќе од 500 години, се веројатно рани дела изработени брзо по завршувањето на делото Давид.mikelndzelo

Поврзувањето на скиците со самите скулптури го потврдува и почесниот професор по историја на уметност Паул Јоанидес при Универзитетот од Кембриџ. Скиците што се поврзуваат со самите скулптури се изложени во Музејот Фабре во Монтепеље во Франција.

Доколку овие откритија се точни, овие дела би биле единствените преживеани во светот бронзени дела изработени од Микеланџело.

„Беше многу возбудливо да се учествува во овој проект, во кој беа вклучени многу историчари на уметноста од Велика Британија, Европа и САД. Бронзените дела се многу силни и несовладливи уметнички дела кои заслужуваат студија од поблизок поглед, се надеваме дека јавноста ќе дојде да ги погледа и самата ќе се ангажира во дебатата“ изјави д-р Викторија Авери од Музејот Фицвилијам во Кембриџ, во кој ќе бидат прикажани бронзените скулптури во август оваа година.

Ројтерс

Испрати коментар

Scroll To Top