Насловна / Вести / Новиот дом на „Росонерите“

Новиот дом на „Росонерите“

milan nov stadion (2)

Славниот фудбалски клуб „Милан“ ќе прави нов стадион во Милано, поточно цел комплекс, а одлуката ќе биде донесена во месец март.

Се појавија првите фотографии од новиот комплекс на „Милан“, кој е во план да се гради. Уште сега се познати трошоците за изградба на овој комплекс, капацитетот на стадионот, кој ќе изгледа фантастично. Реализацијата на проектот ќе чини 320 милиони евра, што е секако прелиминарна проценка. Стадионот, според плановите, треба да биде изграден до 2018 година.

milan nov stadion (3)

Стадионот ќе биде висок 30 метри, бидејќи е во градска зона, но поради тоа ќе биде 15 метри под земја, ќе биде мултифункционален и ќе биде отворен седум дена во неделата, а клубот соопшти дека во целата зона ќе се отворат нови 500 работни места.

Од „Милан“ соопштија дека моментално преговараат со неколку компании кои се заинтересирани да го купат името на стадионот, а предност ќе има генералниот спонзор на клубот „Флај Емирати“.

milan nov stadion

Стадионот би требало да има капацитет од 48.000 места, ќе изгледа футуристички, со подвижен покрив. Ќе биде изграден според последните еколошки стандарди во местото Портело Фијера, градска зона на Милано, во непосредна близина на „Casa Milan“ каде се наоѓаат клупските канцеларии и музејот.milan nov stadion (4)

Испрати коментар

Scroll To Top