Насловна / Вести / Освежувачки мириси во виенското метро

Освежувачки мириси во виенското метро

Возовите на градскиот превозник во Виена, Wiener Linien, освен што во летните месеци непрекинато се климатизирани, од  неодамна се и намирисани. Патниците можат пробно да „помирисаат“ и да се изјаснат дали им се допаѓаат предложените мирисни ноти. Се работи за пилот проект во кој патниците одлучуваат дали воопшто сакаат „намирисани“ возови и кој мирис највеќе им се допаѓа. Во текот на цел месец јули низ градот ќе возат четири воза со различни мисриси. Овие возиви се препознатливи по брендираните цветни мотиви. Мирисите доспеваат во возовите преку системите за климатизација и рамномерно се распоредуваат.

“Wiener Linien” претходно ги има тестирано мирисите на можни алергиски реакции. До 31 јули, граѓаните на Виена ќе можат да се изјаснат за оваа идеја преку интернет страницата  на градскиот превозник.

wlinien1

wlinien2

wlinien3

wlinien4

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top