Насловна / Вести / Останува ДДВ стапка од пет отсто на становите

Останува ДДВ стапка од пет отсто на становите

pet otsto ddv

Градежната индустрија е задоволна од најавата за три годишно пролонгирање на повластената даночна стапка од пет проценти за изградба на станови. Тоа дополнително позитивно ќе се одрази врз градежниот сектор и врз вкупната економија, велат од Здружението за градежништво при Стопанската комора.

Интересот за купување станови се зголемува и тоа, пред се, се должи на повластената ДДВ стапка од пет отсто. Затоа баравме пролонгирање на одредбата која го дефинира овој процент односно стапката на ДДВ да не се зголеми, истакна Марија Петреска од Комората.

Евентуалното зголемување на ДДВ од пет на 18 отсто, додаде Петреска, би повлекло поскапување на становите за околу 13 проценти, а тоа ќе резултира со намалување на прометот за два до три пати, и намалување на приходите во државниот буџет.

Испрати коментар

Scroll To Top