Насловна / Вести / Основан е првиот Регионален центар за еколошко право на Западен Балкан

Основан е првиот Регионален центар за еколошко право на Западен Балкан

Регионалниот центар за еколошко право (RCEL) со седиште во Белград, започна со работа. Здружението е формирано со цел промоција, развој и едукација на стручната и општата јавност во областа на еколошкото и енергетското право во земјите на Западен Балкан. Тимот на RCEL ќе пружа поддршка на јавната управа, граѓанскиот сектор, економијата и граѓаните во сите предизвици кои еколошкото и енергетското право пред нив ги поставува, се истакнува во соопштението на организацијата.

rcel1

 

Тимот на RCEL го сочинуваат еминентни регионални експерти, правници и адвокати од областа ан еколошкото и енергетското право, кои со својата работа сакаат да покажат дека еколошкиот напредок и економскиот развој можат да се постигнат заедно, со примена на принципите на одржливост во пракса. На чело на тимот се наоѓа претседателот на Управниот одбор, проф. д-р. Мирјана Дреновак – Ивановиќ, стручњак за еколошко право. Во склоп на тимот дејствува Регионален совет, како советодавен орган, кој пружа поддршка на стручниот тим на RCEL, а го сочинуваат:

  • вон. проф. д-р Амина Николајев (Правен факултет, Универзитет во Сараево)
  • вон. проф. д-р. Илина Ценевска  (Правен факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје)
  • проф. д-р. Маја Костиќ – Мандиќ (Правен факултет, Универзитет на Црна Гора, Подгорица)).

RCEL е формиран со намера да придонесе во зајакнување на еколошката и енергетската одржливост, користејќи ги и унапредувајќи ги постоечките законски рамки, како и подигање на свеста за значењето на оваа тема преку поврзување и размена на знаења во оваа област помеѓу земјите од Западен Балкан.

rcel2

Испрати коментар

Scroll To Top