Насловна / Вести / Орки – цицачи најзагрозени од хемикалии

Орки – цицачи најзагрозени од хемикалии

Во телата на орките се откриени „високо токсични и канцерогени препарати, па дури и инсектицид дидити“. Неодамна, научниците открија уште една опасна хемикалија поврзана со тоалетната хартија.

Тим научници од Универзитетот Британска Колумбија, Министерството за земјоделство и храна на Британска Колумбија и Канада за рибарство и океани открија хемикалија позната како 4 НП (четири нонилфенол) во црниот дроб и ткивата на 12 мртви орки.

Истражувачот Хуан Хозе Алава истакна дека пронајдените хемикалии припаѓаат на алкилфенолите, а тие се многу токсични.

04

„Загадувачите пронајдени во телата на орките можат да влијаат на репродукцијата, развојот, когнитивните функции и нервниот систем“, истакна Алава.

Овие хемикалии потекнуваат од талог од отпадни води и пречистителни станици. Ги има и во детергентите и козметичките производи.

Во телата на орките пронајдена е хемикалијата ПФАС, која се наоѓа во рибите, водата за пиење и човечката крв. Оваа хемикалија го зголемува ризикот од рак и заболувања на црниот дроб. Научниците сметаат дека загадувачот се наоѓа и во храната.

Покрај губењето на стаништата и климатските промени, орките се борат и за храна. Голем улов на риби ги остава овие животни без храна.

o2

„Недостигот од квалитетна храна влијае на размножувањето на орките. Меѓу мајката и фетусот се разменуваат хемиски супстанци, така што има малку здрави младенчиња“, вели научничката Дебора Гилс, директорка на непрофитната организација „Вајлд Орка“.

Како што наведе истражувачот Хуан Хозе Алава, недостатокот на податоци во истражувањето остава многу прашања без одговори.

Загадувачи се и полиароматични јаглеводороди кои се произведуваат со согорување на фосилни горива. Колку повеќе ги проучуваме китовите убијци, толку повеќе откриваме вештачки хемикалии кои ги направил човекот, а кои завршуваат во телата на предаторот преку синџирот на исхрана. Претпоставувам дека сето ова е само врвот на ледениот брег“, вели Ирвин Шулц, кој учествува во програмата за заштита на животната средина.

o3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top