Насловна / Вести / Општина Центар започна со реконструкција на улицата „Адолф Циборовски“ во Буњаковец

Општина Центар започна со реконструкција на улицата „Адолф Циборовски“ во Буњаковец

Огромните дупки на руинираната улица „Адолф Циборовски“ набргу ќе станат минато, бидејќи ќе се постави нов тампон и нов асфалт.

Општина Центар почнува со комплетна реконструкција на улицата „Адолф Циборовски“ (поранешна улица ‘Мајка Тереза’). Ќе се постават нови тротоари, при што канделабрите, за да не пречат при движењето на пешаците, ќе се поместат од тротоарите.slika-adolf-ciborovski

Поради поплавување на гаражите при силните дождови, новите сливници ќе ги прифаќаат атомсферските води.

Грдата слика на кабли од кабловските оператори и ЕВН, кои висеа над улицата, ќе биде исто такс минато. Веќе започна постапката за поставување на каблите под земја.

За заштита на животната средина и почист воздух, на улицата ќе бидат засадени 16 нови дрвја.

Реконструкцијата  е договорена на последната средба на градоначалникот Андреј Жерновски со жителите на улицата „Адолф Циборовски“.

Повеќе од 50% од граѓаните собраа потписи со барање за реконструкција на улицата и надминување на опасноста по безбедноста на возилата и пешаците.

Испрати коментар

Scroll To Top