Насловна / Вести / Општина Центар рано утринава ја урна дивоградбата на „Самоилова“ и „Никола Карев“

Општина Центар рано утринава ја урна дивоградбата на „Самоилова“ и „Никола Карев“

Општина Центар рано утринава, во 3:30 часот, ја урна дивоградбата помеѓу улиците „Самоилова“ и „Никола Карев“. Со асистенција на МВР, градежна фирма избрана на тендер го изврши решението донесено од страна на овластен градежен инспектор на општината за отстранување на дива градба.Уривање дивоградба - Пластичарска улица (5)

Ниту утрово на местото на дивоградбата не се појави инвеститорот на објектот, кој сеуште е непознат. Претходно, кога објектот беше во фаза на ископ, овластен инспектор донесе решение за враќање во првобитна состојба. Тогаш решението никој не го прими, а непознатиот инвеститор без одобрение продолжи со градбата.Уривање дивоградба - Пластичарска улица (4)

Дека се работи за дивоградба, констатираа заеднички на увид инспекторот на општина Центар, заедно со градежен инспектор од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам. Неколкупати на објектот беше оставана покана инвеститорот да дојде во општина Центар, но на ова никој не се одѕва.Уривање дивоградба - Пластичарска улица (3)

Дивото градилиште два пати беше затворано со цел да се постапи по решението за отстранување на градбата. Градоначалникот на општина Центар ги потпиша документите и барањето до МВР за да може да се започне со постапката за извршување. По добиената согласност од МВР, рано утринава се пристапи кон уривање на објектот.Уривање дивоградба - Пластичарска улица (2)

Центар внимателно ќе ја следи состојбата на терен и нема да дозволи дивоградби на територија на општината.

Испрати коментар

Scroll To Top