Насловна / Вести / „Скалила кон рајот“ на Љупчо Бојаров

„Скалила кон рајот“ на Љупчо Бојаров

Академскиот сликар Љупчо Бојаров утре во 20 часот, во Културно информативен центар – Скопје, изложбен салон „Империјал 1“, ќе ја отвори 19-та самостојна изложба со ликовни дела – објекти од новиот циклус „Скалила кон рајот“.

Објектите се изработени во жица, природен камен во барељев, стакло и трева. Комбинацијата на овие материјали се ликовно остварување на авторот преку емотивна материјализација да го претстави праисконското духовно воздигнување кон рајот.бојаров

Љупчо Бојаров е роден 1959 година во Скопје.

Бојаров дипломира на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) во Скопје во 1984 година, и оттогаш е член на ДЛУМ. Учесник е на стотина групни изложби во Македонија и во поранешна СФРЈ, почнувајќи од Скопје, Белград, Нови Сад, Сараево итн. Љубителите на уметноста имале можност, освен во Европа (Англија, Франција, Шпанија, Чешка, Словачка, Унгарија, Шведска, Италија) неговите дела да ги видат и во САД и во Египет.

Покрај самостојните изложби во Скопје, Бојаров повеќепати со свои дела гостувал во Белград, Будва, Малме и во други европски градови. Добитник е на повеќе награди на државно и на меѓународно ниво за најдобра графика, меѓу кои: „Св. Климент Охридски“, „Моша Пијаде, ДЛУМ”, „Emerging Artist” за графика на 5. Меѓународно анале, „Diploma of Eceleent”, „Гуте Аврамовски”, „Premio-Acuisto Del’ Aministracione comunale di RHO”, „XXXII Premio internazionale di grafika“ итн.

Испрати коментар

Scroll To Top