Насловна / Вести / Општина Центар продолжи со уривање на дивите тераси

Општина Центар продолжи со уривање на дивите тераси

Општина Центар продолжи со уривање на дивите тераси на кафе – баровите. Денеска работници ангажирани од Општината во присуство на полиција, почнаа да ги уриваат терасите на улицата „Ленинова“. Иако вчера имало најава дека сопствениците сами ќе ги урнат нелегалните градби, тоа не го сториле сите, па затоа интервенира Општината.
На улицата „Ленинова“ има неколку нелегални тераси и од Општината велат дека една по една ќе се уриваат.
Општината има издадено решенија за уривање на 16 летни тераси на кафулиња. Акцијата почна вчера со уривање на терасата на новата кафеана „Шпаиз“ на аголот на Боемска улица и „Орце Николов“.

IMG_20190612_103504

IMG_20190612_103532

IMG_20190612_103619

IMG_20190612_103652

IMG_20190612_103716

IMG_20190612_103824

IMG_20190612_103545

фото: КИРО ПОПОВ

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top