Насловна / Архитектура / Операта во Сиднеј ја отвори реновираната Концертна сала

Операта во Сиднеј ја отвори реновираната Концертна сала

Операта во Сиднеј, еден од најистакнатите архитектонски објекти на 20 век, изграден според проектот на Данецот Jørn Utzon, повторно го отвори својот најголем простор за изведби – Концертната сала.

6

Од затворањето поради работи во февруари 2020 година, просторот помина низ обемни реновирања за да се подобрат акустичните перформанси и пристапноста за лицата со ограничена подвижност и да се надградат системите на сцената.

3

Ова е најголемиот и завршниот проект во Декадата на обнова, десетгодишен програм на реновирање во вкупна вредност од речиси 300 милиони американски долари, за надградба на споменикот од списокот на светско наследство, пред неговата 50-годишнина во 2023 година.

Една од главните намери на проектот била да се подобри акустиката за уметниците и публиката во оркестарски и озвучен модус.

5

За таа цел над бината се поставени 18 нови акустични рефлектори, како замена за старите проѕирни акрилни „крофни“. Новите акустични ливчиња се поставени на различни позиции, во зависност од музиката што се изведува.

Завршени се во полусјајна магента, бојата на седиштата во концертната сала избрана од Питер Хол, архитектот кој ја заврши Операта откако Jørn Utzon го напушти проектот.

2

На предните делови на дрвените кутии додадени се панели за акустична дифузија за да се избалансира звукот за настапи без појачала, а надградени се и театарските и сценските системи.

Автоматските подигачи на сцената овозможуваат музичарите да се слушнат појасно, додека автоматскиот систем за драпирање го олеснува преминот од оркестарски во озвучен режим.

Исто така, помага во пригушување на одекот и да се создаде полн, побогат звук.

8

Сцената е спуштена за 40 сантиметри за да се подобри видливоста и да се создаде поголема интимност помеѓу уметникот и публиката. Проширен е и бекстејџот со две нови простории за проби.

Останатите надградби вклучуваат инсталирање на нов лифт и пролаз, што им овозможува на корисниците на инвалидски колички самостојно да пристапуваат до сите нивоа на Концертната сала, вклучувајќи го и Северното фоаје, дел кој претходно бил недостапна за лицата со ограничена подвижност. Бројот на достапните седишта исто така е двојно зголемен, вклучувајќи ги и опциите за ложите.

7

„Уметниците и публиката се подготвени да искусат акустика од светска класа на место кое е подостапно, побезбедно и подобро опремено за да ја претстави целата широчина на изведбата на 21. век“, изјави извршниот директор на операта во Сиднеј, Луиз Херон, за ArchDaily.

1

Концертната сала е една од најголемите дворани за изведба во светот, која собира до 2.600 луѓе. Со должина од 25 метри од бината до круната горе, салата претставувала голем технички предизвик за инженерите по акустика кои имале задача да го усовршат квалитетот на звукот за сите видови настапи.

4

Според официјалните лица од операта во Сиднеј, 91 отсто од отпадот од уривањето бил рециклиран, што е многу над првичната цел од осумдесет отсто.

Работите се изведени во согласност со Планот на управување со конзервација на Операта, за да се осигура дека надоградбата го почитува оригиналниот ентериер проектиран од Питер Хол.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top