Насловна / Вести / Оние кои возат помалку од 15.000km годишно, немаат потреба од сопствен автомобил?

Оние кои возат помалку од 15.000km годишно, немаат потреба од сопствен автомобил?

Резултатите од неодамна спроведеното истражување Shared Mobility’s Global impact во Германија, на независната советодавна компанија Oliver Wyman и европската платформа Bolt, укажуваат на тоа дека сопствениците на лични патнички автомобили кои годишно минуваат помалку од 15.000 km пропуштаат значителни заштеди. Имено, извештајот ги анализирал вкупните трошоци за поседување автомобил по километар, и ги споредил со цените на различните услуги за делење на мобилноста кои не носат дополнителни трошоци за корисниците.

mobility1

Услугата car sharing, се покажала како најповолна опција, но дури и најскатата услуга од овој вид – возење на барање преку апцликација се покажала како поповолна за годишна километража до 12.000 km. Извештајот покажал и дека растојанијата кои ги минуваат личните патнички автомобили се намалиле за 1.700km во текот на последната деценија, додека бројот на регистрирани автомобили по домаќинство останал ист. Истражувањето проценува дека услугите на делење на мобиичноста ќе сочинуваат 7% од сите урбани патувања во светот до 2030 година, за разлика од денешниот удел од 3%.

 

Испрати коментар

Scroll To Top