Насловна / Арт и дизајн / Омилената фотелја од 70-тите повторно го освојува светот

Омилената фотелја од 70-тите повторно го освојува светот

Не постои причина поради која мебелот не може во исто време да биде стилски и забавен. Токму оваа мисла го навела Јан Екселиус да ја креира фотелјата Etcetera во 70-тиет години од минатиот век, а сега благодарение на компанијата  Artilleriet, нова генерација на љубители на дизајнот може да ужива во нејзиниот изглед.

4

Шведскиот бренд за мебел се здружил со Екселиус за повторно да го оживеат овој класичен дизајн. Водејќи се со знаењето на мајсторите од брендовите J.O. Carlsson и Forsbergs, компанијата лансирала цела Etcetera серија, која се состои од славната фотелја, столица и табуретка.

8

Овој дизајн настанат како дело на Екселиус во период на неговите стиудентски денови, брановидната силуета на оваа фотелја брзо и подарила култен статус. Една од нејзините значајни карактеристики е нејзината едноставност.

7

6

„Пред педесет години, никогаш немаше да помислам дека Etcetera и денес може да биде пожелна“, изјавил Екселиус. Моделот кој сега е лансиран претставува точна реплика на оригиналот, со неколку нови верзии кои се креирани за да ја задоволат побарувачката на поширокиот пазар.

Оваа фотелја може да се купи и по пат на официјалниот сајт на брендот, по цена од 2.400 долари.

11

2

5

9

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top