Насловна / Вести / Олимписките игри во Токио ќе ја подигнат летвичката на одржливиот развој

Олимписките игри во Токио ќе ја подигнат летвичката на одржливиот развој

Следната година Токио ќе биде домаќин на летните Олимписки игри, и градот интензивно се подготвува за овој спектакл. Во однос на претходните летни игри, организаторите ветуваат дека ЛОИ Токио 2020 ќе останат запаметени по иновативните решенија кога станува збор за одржливиот развој.

Ова се иновациите кои ќе ги видиме на ЛОИ Токио 2020:

  1. Медали изработени од електронски отпад

Според проценките, околу 80.000 телефони и други електронски уреди се собрани по пат на донации и разни акции, за да бидат искористени за изработка на медалите. Се очекува на овој начин да бидат изработени околу 5.000 медали.

medals

  1. Такси без возач

Оваа иновација е во центарот на интересирањето ширум светот, а првиот робот – такси ќе биде тестиран токму во Токио. Патниците со помош на своите смартфони ќе можат да го отклучат возилото и да ја платат сметката.

robottaxi

  1. Соларни патишта

Иако пред четири години соларните патишта биле само една од бројните идеи со чија примена би требало да се придонесе во ублажувањето на последиците од климатските  промени, Јапонија навистина оваа идеја ја спроведе во дело. Во моментот се тестира нов пат во Токио во кој се вградени соларни ќелии под специјален заштитен слој.

solarroads

  1. Роботи преведувачи

Со оглед дека Јапонија е светски лидер кога станува збор за развојот на технологијата, некако се очекува дека роботите ќе учествуваат во многу сегменти од организацијата на настанот. затоа и не е изненадување фактот дека армија роботи доаѓаат на помош. Странците не треба да се грижат, бидејќи роботите се програмирани да преведуваат на многу јазици, но и да пружат помош на лицата со посебни потреби.

translators

  1. Биогориво за авиони и автобуси

Јапонците веќе долго време работат на производство на гориво од алги и останати растенија, па сите авиони и автобуси ќе користат исклучиво биогориво.

2020Tokyo1 biofuelTokyo

  1. Енергија од водород

Јапонската влада планира да вложи 330 милиони УСД за користење на водородот како извор на енергија во текот на игрите. Нивната цел е целото Олимписко село да се снабдува со енергија добиена од водород.

Tokyohydrogen

Одржливите Олимписки игри се само најава за главната цел која Јапонија сака да ја оствари во областа на одржливиот развој до 2030 година.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top