Насловна / Вести / Британски Guardian ги пакува своите весници во биоразградлива обвивка

Британски Guardian ги пакува своите весници во биоразградлива обвивка

Со цел намалување на пластичниот отпад, британски Guardian од неодамна своите весници ги пакува во транспарентна обвивка од биоразградлив материјал. Станува збор за материјал изработен од скроб од компири, кој во целост се компостира за шест месеци. Издавачот потенцира дека во производството на оваа амбалажа не се користени генетски модифицирани организми.

Британската медиумска куќа им советува на своите читатели да не ја фрлаат амбалажата во кантите за отпадоци, туку да ја складиштат заедно со остатоците од храна, и во својата градина да произведуваат компост. На тој начин самите ќе можат да произведуваат ѓубриво од органски отпад.

Guardian1

Guardian2

guardian3

Испрати коментар

Scroll To Top