
Графичкиот дизајнер Will Roth направил интересен проект, така што дизајнирал лого за секој град кој го посетил во Европа.

Тој патувал низ Европа четири месеци, и го работел логото инспириран од одредени настани и детали. Користејќи ја инспирацијата и искуството, тој успеал на ги вметне карактеритичните елементи за секој град.

Така на пример, неговата асоцијација за Сараево ги обединува Олимписките игри и последиците од војната. Асоцијацијата за Амстердам е претставена преку велосипедите, а Белград преку кириличниот натпис на аеродромот „Доласци“.

Неколку историски градби се вклучени во логото за Прага.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија