Насловна / Вести / „Епл“ извлече еден тон злато од електронски отпад!

„Епл“ извлече еден тон злато од електронски отпад!

Elektronski otpad

Американската технолошка компанија „Епл“ лани собра над 27.800 тони електронски отпад, од кој извлече еден тон злато.  Според годишниот еколошки извештај на „Епл“, од овој отпад биле извадени и три тони сребро и над 10.000 тони челик. Наведеното количество на електронски отпад е 71 отсто од вкупната тежина на производите кои биле продадени во последните седум години.

Со рециклирањето на отпадот, освен злато, од него беа добиени 10.500 тони челик, 18 тони никел, 6.090 пластика, 20 тони олово, 5.420 тони стакло, 59 тони цинк, 2.050 тони алуминиум, 1.340 тони бакар, три тони сребро, шест тони кобалт и два тони калај.

Испрати коментар

Scroll To Top