Насловна / Вести / Оланд повика на постигнување „обврзувачки договор“ за климата

Оланд повика на постигнување „обврзувачки договор“ за климата

Samit za klimata pariz3

Францускиот претседател Франсоа Оланд на отворањето на Конференцијата за климатски промени (КОП21) во Бурже кај Париз, ги повика светските лидери да постигнат „обврзувачки договор“, наспроти позициите на САД, кои не сакаат да биде усвоен текст, кој би бил правно обврзувачки, јави дописникот на МИА од Париз.

Во обраќањето пред околу 150 шефови на држави или влади, меѓу кои и македонскиот претседател Ѓорге Иванов, Оланд оцени дека светот е „ставен пред ѕид“ и принуден да се договори и усогласи за да го контролира климатското затоплување под прагот од за зголемување на просечната температура за два степени Целзиусови до крајот на векот.

– На 12 декември, потребно е да има договор во Париз. Договорот треба да бие универзален, диференциран и обврзувачки, изтакна Оланд.

САД преку својот државен секретар Џон Кери потврдија пред конференцијата дека не сакаат обврузвачки правен документ.

– Добрата волја, изјавите и намерите не се доволни. Ние сме на работ од точката на расцеп, Париз треба да биде појдовна точка за една длабока промена, предупреди Оланд, кој е домаќин на КОП21.

Испрати коментар

Scroll To Top