Насловна / Вести / Активности на општина Центар на Водно

Активности на општина Центар на Водно

Vodno - 30.11 (8)

Жителите на населбата „Мало Курило“ на Водно, се жалеа на шутот, ѓубрето и наносите во каналот, на дефектот на електричната мрежа и на проблемот со паркирањето, по отворањето на угостителски објект на улицата „Партение Зографски“.

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, заедно со соработниците, вчера беше во обиколка на оваа населба за да разговара со граѓаните, да ги чуе нивните проблеми и заедно да изнајдат решенија.Vodno - 30.11 (6)

Денеска, стручните служби на општината го исчистија каналот, се санира дефектот во електричната мрежа и ќе се постави дополнително улично осветлување. Поради положбата на улицата „Загребска“ и константната опасност од излизгување на пешаците, ќе се постави ограда – држач на улицата.Vodno - 30.11 (3)

Жителите на улицата „Партение Зографски“ ќе бидат заштитени од узурпација на нивните дворни места и пристапни делови до куќите, со поставување на столпчиња, кои ќе имаат за цел да го спречат паркирањето на возилата од околниот угостителски објект.Vodno - 30.11 (5)

Испрати коментар

Scroll To Top