Насловна / Вести / Одржливи гратчиња кои сами ќе произведуваат храна и енергија

Одржливи гратчиња кои сами ќе произведуваат храна и енергија

Во близина на Амстердам се креира нова интегрирана заедница, каде што луѓето ќе можат самите да одгледуваат храна, да произведуваат електрична енергија, да ја рециклираат водата, да менаџираат со отпадот. Овие гратчиња се совршено место за сите што сакаат да се прочистат себеси од загадените пренаселени градови во кои сме навикнати да живееме.

Проектот го спроведува калифорниската компанија ReGen Villages, а се базира на идејата да се користи модерната технологија за да се креира една целосно самостојна, одржлива животна средина.

„Ќе го редефинираме развојот на станбените простори со овие регенеративни соседства каде што ќе може да се произведува органска храна, почиста енергија и да се генерира помалку отпад“, велат од компанијата.odrzhlivi-gratchinja_3

Тие се надеваат дека со комбинирање на одржливо земјоделство и управување со земјиштето и независна технолошка инфраструктура, гратчињата ќе станат позитивен пример. Се очекува гратчињата да произведуваат голема количина органски производи како зеленчук, овошје, јаткасти плодови, риба, јајца, кокошки, млечни производи од помали животни и протеини.odrzhlivi-gratchinja_1

Оваа визија во блиска иднина, во текот на следната година, треба да стане реалност. Проектот ќе стартува со 25 пилот-домови конструирани во Алмер, на 20 минути оддалеченост од Амстердам.

Понатаму, доколку проектот се покаже успешен, се планира да се изградат околу 100 такви домови во поладните краеви на Северна Европа, поточно во Шведска, Норвешка, Данска и во Германија, а потоа и на Средниот Исток.odrzhlivi-gratchinja

„Со проектот ќе се фокусираме на двете најнeзгодни клими во светот, а потоа ќе почнеме да се шириме на глобално ниво: рурална Индија, супсахарска Африка, каде што знаеме дека популацијата ќе расте и ќе се зголемува средната класа“, откриваат од ReGen Villages.odrzhlivi-gratchinja_2 odrzhlivi-gratchinja_4 odrzhlivi-gratchinja_5 odrzhlivi-gratchinja_6 odrzhlivi-gratchinja_7 odrzhlivi-gratchinja_8 odrzhlivi-gratchinja_9

Испрати коментар

Scroll To Top