Насловна / Вести / ЕЛЕМ го поништи тендерот за изградба на проектот „Рајска градина“ во општина Аеродром

ЕЛЕМ го поништи тендерот за изградба на проектот „Рајска градина“ во општина Аеродром

Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) го поништи тендерот за изградба на проектот „Рајска градина“. Овој проект, според првичните проценки, требаше да биде вреден 900 милиони денари, односно 14,6 милиони евра и да се изгради на површина од 15 хектари.

Во образложението што стои на интернет-страницата за јавни набавки, ЕЛЕМ образложува дека причина за поништување на тендерот е тоа што се „поднесени прифатливи понуди кои не можат да се споредат поради различниот пристап во техничките или финансиските понуди“.rajska-gradina1

Проектот го изработи „Архитектоника“ од Скопје, а на него работеле архитектите Жарко Чаушевски, Филип Богатинов и Македонка Чаушевска.

Според проектот, планирана е изградба на четири фонтани високи и до 13 метри, реплика на Венера Милоска, антички ликови, лавови и грифони.rajska-gradina2

Проектот треба да се изгради покрај реката Вардар, веднаш до седиштето на ФФМ во општина Аеродром.rajska-gradina

Испрати коментар

Scroll To Top