Насловна / Вести / „Одиме!“ Пред 60 години Јуриј Гагарин стана првиот човек во вселената

„Одиме!“ Пред 60 години Јуриј Гагарин стана првиот човек во вселената

Денес се одбележува 60-годишнината од првиот лет на човекот во вселената, кој го направи советскиот космонаут Јуриј Гагарин и со тоа го означи почетокот на ерата на истражување на вселената.

12 април во Русија се одбележува како Ден на космонаутите.

g4

На денешен ден во 1961 година, Гагарин ја испрати познатата порака „Одиме!“ и потоа, на 27-годишна возраст, леташе околу Земјата со леталото Восток.

g1

Руските космонаути од Меѓународната вселенска станица по тој повод испратија честитка и нагласија дека целата планета слушнала за Гагарин тој ден, кој прв се осмели да тргне на орбитален лет.

Денес, претседателот Владимир Путин ќе го посети Енгелс, град на југот на Русија, каде што слета Гагарин по историскиот лет, кој траеше 108 минути. За тоа време, Гагарин направи круг околу Земјата.

g2

По славниот вселенски лет, советските власти веднаш го испратија Гагарин на „патување“ во 30 земји низ светот.

Ручал со англиската кралица Елизабета Втора, фотографирајќи се со неа за спомен. Претседателот на Египет на Гагарин му ги даде златните клучеви на портите на Каиро и Александрија, а во Хавана Фидел Кастро едноставно го прегрна.

g3

Гагарин и напишал на својата сопруга трогателно проштално писмо во случај да умре на мисијата.

„Ако нешто тргне наопаку, те молам, особено тебе, Ваљуша, да не умреш од тага. Затоа што таков е животот “, напишал тој.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top