Насловна / Арт и дизајн / Lawless sofa – ќе посакате да ја прегрнете со сета своја сила

Lawless sofa – ќе посакате да ја прегрнете со сета своја сила

Сте имале долг и тежок ден, а сè за што мечтаете е да седнете на софата во дневната соба и да ги затворите очите барем за момент. Дали би можеле да го сторите тоа на тврдо и непријатно парче мебел? Се разбира не. Покрај удобноста, совршено парче мебел мора да биде и ергономски дизајнирано, со цел да ви обезбеди добра потпора на лумбалниот дел, а неговата естетика треба да најде значење во вашиот дом. А за таквото парче мебел, пожелно е и лесно да се одржува.

09

Постојат многу критериуми за одличен дизајн на мебел, а софата што ви ја претставивме на првиот состанок со неа, ќе посакате да ја прегрнете со сета своја сила и да се споите со неа. Нејзиното име е LAWLESS SOFA и е дело на уметникот Evan Fay.

02

Со својата способност целосно да ја наруши реалноста, ова парче мебел е токму она што му недостасува на модерниот ентериер за да биде комплетен.

01

Разигран вител, подигнат и прикажан на метална основа, е суштината на оваа софа, кој доаѓа во повеќе димензии и бои, носејќи со себе и фотелји, клупи и столици. Постои некаква магнетна привлечност во врска со нејзе, што ве тера да нурнете длабоко.

07

04

И покрај својата метална основа, овој софа нема да ви даде ниту еден момент на неудобност, без оглед колку долго седите или лежите на неа. Повеќе уметничко дело отколку парче мебел, всушност, троседот Lawless sofa покажува дека е можно да се комбинираат горенаведените карактеристики на совршена софа во едно.

06

08

05

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top