Насловна / Вести / Одговор од нуклеарната индустрија на “зелените“ извори на енергија

Одговор од нуклеарната индустрија на “зелените“ извори на енергија

За производство на електрична енергија од нуклеарни централи традиционално е потребно изградба на масивни објекти опкружени со големи површини, комплексна електрична инфраструктура, улици, паркиралишта и многу други содржини. Ова се настојува да се промени преку изградба на „напредни мали модуларни реактори“. Оваа нова генерација на нуклеарни реактори нуди многу предности од кои особено се важни намалениот ризик од експлозија, како и флексибилност во однос на нивната локација. Капацитетите на малите модуларни реактори се во опсегот од  50 MW до 200 MW, за разлика од конвенционалните каде инсталираната моќност е над 1000 MW. Сепак реакторите со мала моќност и не се некаква новост во светски рамки, бидејќи Индија веќе има 18 нуклеарни реактори со моќност од  90 до 220 MW, кои се изградени во периодот од  1981 до 2011 година. Тие би можеле да снабдуваат со енергија помали и оддалечени градови, индустриски комплкси, планински подрачја, воени бази, пристаништа и сл.  Таквите реактори би можеле да работат Таквите реактори би биле опремени со системи за ладење кои би работеле и кога нема да има присутни оператори во случај на прекин на електричната енергија. Во многу случаи, реакторот и постројките за генерирање на пареа би биле под земјата со цел да бидат заштитени од природни катастрофи како земјотреси и цунами. Приватни и државни компании се веќе заинтересирани за изградба на мали нуклеарни централи во десетина земји, вклучувајќи ги САД и Велика Британија. Според Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA), таквите реактори би можеле да произведуваат електрична енергија дури и пред 2020 година во Кина, Русија и Аргентина.

Овој глобален тренд се должи во голема мера на зачестеното затворање на големите нуклеарни централи во светот, но иака малите нуклеарки генерираат помала количина на нуклеарен отпад, сепак останува и натаму отворено прашањето за безбедна и сигурна санација на овој вид на отпад.

SMR

SMR 1

SMR 2

SMR 3

Испрати коментар

Scroll To Top