Насловна / Архитектура / Одбележување на десетгодишнината од М павилјон во Мелбурн

Одбележување на десетгодишнината од М павилјон во Мелбурн

М павилјон, иницијативата на Фондацијата Наоми Милгром, го претстави својот предлог по повод десеттото издание на М павилјон 10,  дело на јапонскиот архитект Тадао Андо, во Градините на Кралицата Викторија, во Мелбурн, на 16 ноември. М павилјон, кој започна да се организира како иницијатива во 2014 година, прерасна во еден од најпосетуваните и највлијателните фестивали во Австралија, привлекувајќи повеќе од 350.000 луѓе во текот на својата деветта сезона.

4 3

Отворањето го започнува петмесечниот фестивал за дизајн кој нуди повеќе од 150 бесплатни настани. Десет уметници и дизајнери беа ангажирани, за  одбележување на годишнината вклучително и десеттата композиција на Дебора Читам Фрејлон АО, Уникатниот круг на архитектот Давидов | и композицијата од квадратни столчиња инспирирани од Јапонија, дело на DN+J Paper.

Проектот на Тадао Андо за MPavilion 10, неговиот прв во Австралија, е автентичен одраз на впечатливи геометриски интервенции во природата и неговата виртуозност при градење со бетон.

1 5 7

„Чест ми е што го завршив мојот прв проект во Австралија и што создадов парче жива архитектура што ќе игра толку важна улога во културниот живот на Мелбурн ова лето“, рече Тадао Андо, архитект на MPavilion 10. Се надевам дека кога луѓето ќе го посетат, ќе дозволат овој простор да влезе во колективната меморија, прилагодувајќи се на светлината и ветрот што комуницираат со посетителите и со овој простор. Се надевам за нив ќе преовлада, чувството  на хармонија со природата, со себе и со другите. “ – изјави Тадао Андо на денот на отварањето.

Сместено во ботаничката градина во Мелбурн, MPavilion 10 нуди незаборавна структура која разговара со околината на паркот и при тоа генерира простор во хармонија со природата. MPavilion 10 вклучува, 14,4-метарски диск обложен со алуминиум кој се потпира на централна бетонска плоча. Два кубуси создаваат два влеза што водат до центарот на павилјонот.

2

Бетонските ѕидови со различна должина делумно го затвораат просторот за да создадат мирно светилиште кое потсетува на традиционална јапонска градина. Долг хоризонтален отвор (речиси 17 метри x 0,225 метри) што се протега по северниот и јужниот ѕид ги врамува погледите на центарот на Мелбурн и парковите, поврзувајќи го градот и вегетацијата на Градините на Кралицата Викторија со внатрешноста на MPavilion 10.

9 10 14

Геометриските форми и симетријата се подобрени со полупоплочен, полурефлектирачки внатрешен базен, кој ги отсликува, небото, градот и околната природа, врз павилјонот.

„Секоја сезона е различен одраз на архитектонската визија, и време кога истата станува изградена реалност, која директно комуницира со иновативниот простор создаден од инспирирани архитекти“, рече Наоми Милгром АЦ, комесар на MPavilion.

Испрати коментар

Scroll To Top