Насловна / Вести / Одбележан Светскиот ден на заштита на животната средина

Одбележан Светскиот ден на заштита на животната средина

Svetski den na ekologijata
На 5 јуни ширум светот е одбележан Светскиот ден на заштитата на животната средина, а генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун по тој повод ги повика сите луѓе на планетата внимателно и одговорно да ги трошат ресурсите – енергијата, водата и храната. Овогодишната тема на Светскиот ден за заштита на животната средина гласи: „Седум милијарди соништа. Една планета. Конзумирајте внимателно“.

„Целта на одржливиот развој е да се зголеми квалитетот на животот за сите луѓе без компромитирање на ресурсите неопходни за наредните генерации. Тоа можеме да го постигнеме со промена на начинот на кој ги трошиме ресурсите“, порача Бан Ки Мун. Тој додаде дека ова е година на трансформација и дека на овој ден треба да се биде повеќе свесен за еколошките проблеми.

Заменикот на генералниот секретар на ОН и извршен директор на Програмата на ОН за заштита на животната средина, Штајнер, исто така укажа на забрзаното темпо на пораст на потрошувачката на природните ресурси. „Ако се задржи сегашниот тренд, глобалното  користење на ресурсите ќе достигне 140 милијарди тони до 2050 година, во споредба со околу седум милијарди тони во 1900 година“, соопшти Штајнер. Тој предупреди дека во тој период веројатно потребите ќе ги надминат расположливите природни ресурси.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top