Насловна / Вести / Одбележан десетгодишниот јубилеј на „Порта 3“

Одбележан десетгодишниот јубилеј на „Порта 3“

proslava porta3 (8)

Вчера во хотелот QUEEN’S во центарот „Зебра“ во свечен амбиент се одржа одбележување на десет години од постоењето на единственото списание за архитектура, градежништво и екологија кај нас „Порта 3“. Првиот број на „Порта 3“ излезе на 29 декември 2004 година. deset godini porta3 (7)deset godini porta3 (6)

По повод јубилејот, управителот на списанието Љупчо Атанасовски врачи благодарници на луѓе кои се најзаслужни за формирањето и развојот на списанието, како и на дел од соработниците кои се дел уште од раните почетоци на „Порта 3“. Така, благодарници беа доделени на Благоја Дончев, Мирче Адамчевски и Ратко Димитровски и на долгогодишните соработници Катерина Спасовска Трпковска, Михаил Токарев, Владимир Ладински и Трајче Стојанов.deset godini porta3 (8)
Атанасовски во своето кратко обраќање пред присутните гости, ја истакна важноста на списанието во овие наши простори при што зборуваше и за развојот на списанието во изминатите десет години. „Списанието успеа да влезе во медиумските води со нови идеи и нови погледи, се доближи до читателот со желба не само да го информира туку и да го едуцира, и дека иако не е сосема стручно списание, истото е сосема надвор од клишеата во новинарството во земјата, кое во голем дел е опседнато со политики и скандали“, истакна Атанасовски.

deset godini porta3 (10)
Во име на наградените се обрати и ген. директор на „Адинг“, Благоја Дончев, кој кажа дека списанието во својата суштина не претставува новина само за македонскиот медиумски простор, туку по својот квалитет и развој во некоја своја иднина може да прерасне во балканско списание.deset godini porta3 (11)deset godini porta3 (15)deset godini porta3 (12)proslava porta3 (11)proslava porta3 (3)deset godini porta3 (9) deset godini porta3 (13)deset godini porta3proslava porta3 (5)deset godini porta3 (5)

Испрати коментар

Scroll To Top