Од утре почнуваат да важат новите измени во Законот за безбедност во сообраќајот – пешачењето со телефон во рака или преминувањето пешачки со тротинет е прекршок кој се плаќа.
Според новите измени во Законот за безбедност во сообраќајот, кои стапуваат во сила на 26 септември, важат нови правила за употребата на мобилните телефони и слушалките за пешаците, велосипедите и тротинетите.

Казната ако поминувате на пешачки премин со телефон во рака или на уво е 40 евра, а за возење тротинет, мотор или трактор со користење на електронски уред казната е 50 евра. „Пешакот е должен да се движи внимателно, без да користи уреди кои го намалуваат вниманието при преминување на коловоз или велосипедска патека“, вели Законот.

Според овие законски измени, од Нова Година ригорозни ќе бидат казните за возачите кои ќе поминат на црвено или непрописно ќе паркираат, а кои ќе се ловат со камерите на проектот „Сејф сити“.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија