Насловна / Вести / Изложба „Жените зад насловите: 80 години медиумска историја“ во кафулето „Излет“

Изложба „Жените зад насловите: 80 години медиумска историја“ во кафулето „Излет“

Во организација на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Женската медиумска мрежа „Еднаква“ вчера во 19:30 часот во кафулето „Излет“ се отвори изложбата „Жените зад насловите: 80 години медиумска историја“, посветена на жените кои оставиле силен печат во македонската медиумска историја.

Жените играат клучна улога уште од првите денови на македонското новинарство. Нивното присуство не било само симболично, тие влијаеле врз етаблирање на професионалните стандарди, отворале авангардни теми што го менувале општеството и биле глас за оние што останувале без глас во јавноста.

ССНМ и Женската медиумска мрежа „Еднаква“ по кратко истражување одбраа 30 жени кои со својот професионален ангажман оставиле печат и трага во медиумите во последните 80 години.

Преку нивните фотографии се потсетуваме на први уреднички, значајни имиња од почетната ера на македонскиот радио и телевизиски пренос, како и првите репортерки, монтажерки, камерманки, фоторепортерки кои ги отвораа општествени и политички прашања, прашања за култура, образование и социјална правда во јавната сфера.

Организаторите упатуваат посебна благодарност до македонскиот старт ап tytl.app за дигиталниот глас на Бранка Станковска изработен со вештачка интелигенција.

Фото: КИРО ПОПОВ

Испрати коментар

Scroll To Top