Насловна / Вести / ЕИБ инвестира 17,5 милијарди евра за енергетска ефикасност на малите фирми во Европа

ЕИБ инвестира 17,5 милијарди евра за енергетска ефикасност на малите фирми во Европа

Европската инвестициска банка (ЕИБ) се обврзала да издвои 17,5 милијарди евра за поддршка на унапредувањето на енергетската ефикасност во над 350.000 мали и средни претпријатија ширум Европа. Поддршката ќе биде насочена кон мерки кои малите и средни претпријатија ги спроведуваат во областа на енергетска ефикасност и декарбонизација, а ќе се базираат на комбинација на постоечките и новите финансиски инструменти. Целта на иницијативата е до 2027 година да ги поттикне инвестициите на износ поголем од 65 милијарди евра.

Со цел на компаниите да им се олесни пристапот до поддршката, иницијативата воведува и „единствена контакт точка за енергетска ефикасност на малите и средни компании“. Со тоа се поедноставува процедурата и се забрзува спроведувањето на проектите. Исто така е соопштено дека ЕИБ воспоставила партнерство со непрофитната организација Solar Impulse Foundation заради промовирање на моделот познат како „сервитизација“, односно енергетска ефикасност како услуга.

Испрати коментар

Scroll To Top